Повеќе од две третини од членовите на Претставничкиот дом гласале денеска за исфрлање на републиканскиот конгресмен Џорџ Сантос од долниот дом на американскиот Конгрес.
Сантос се соочува со кривични пријави во врска со финансирање на кампањата, а претходно признал дека измислил поголем дел од својата биографија.
Сантос ја негира вината и одбива да поднесе оставка на местото конгресмен, а судењето му е закажано за 9-ти септември 2024-та година.
„Ова е малтретирање. Сето ова е театар“, рекол претходно Сантос, коментирајќи ја постапката која се води против него.