Здрави момчиња би можело да бидат примени во болница со редок несакан ефект од вакцината на Pfizer/BioNTech поради воспаление на срцето отколку што може да предизвика самиот Ковид, тврдат американски истражувачи.
Нивната анализа врз основа на медицински податоци сугерира дека момчињата на возраст од 12 до 15 години, без никакви други медицински состојби, имаат четири до шест пати поголема веројатност да бидат дијагностицирани со миокардитис поврзан со вакцината отколку да завршат во болница поради компликации од Ковид.
Повеќето деца кои доживеале редок несакан ефект имале симптоми во рок од неколку дена по втората доза од вакцината Pfizer/BioNTech, иако сличен несакан ефект се забележува и по примање на Модерна. На околу 86% од момчињата кои го доживеале несаканиот ефек им била потребна одредена болничка нега, велат авторите, пренесува британски Гардијан.
Во најновата студија, која допрва треба да се рецензира, д -р Трејси Хег од Универзитетот во Калифорнија и останатите научници од тимот анализирале негативни реакции од вакцини кај американски деца на возраст од 12 до 17 години во текот на првите шест месеци од 2021 година. Тие проценуваат дека стапката на миокардитис по две дози на Pfizer/BioNTech е 162,2 случаи на милион здрави момчиња на возраст од 12 до 15 години и 94 случаи на милион здрави момчиња на возраст од 16 до 17 години. Еквивалентните стапки за девојчињата беа 13,4 и 13 случаи на милион. Според сегашните стапки на инфекцијата во САД, ризикот здрав адолесцент да биде примен во болница поради Ковид во следните 120 дена е околу 44 на милион, велат научниците од калифорнискиот Универзитет.