Пандемијата на коронавирус е главна тема низ целиот свет, па затоа не е ни чудо што популарниот американски презентер Џо Роган во вторникот вечерта и посвети епизода од своето шоу.
Тој го повика Мајкл Остерхолм, меѓународно признат експерт за епидемиологија и јавно здравје, професор на Универзитетот во Минесота, поранешен пратеник на Одделот за здравство и автор на делото „Најсмртоносниот непријател: Нашата војна против смртоносни микроорганизми“.
„Цела моја кариера ја поминав во следење на заразните болести, обидувајќи се да ги запрам, обидувајќи се да разберам од каде доаѓаат за да не се случат, но најмногу од сè, обидувајќи се да одговорам на вакви ситуации“, додаде професорот.
На прашањето колку е сериозна епидемијата на коронавирус, која Светската здравствена организација ја прогласи за пандемија, Остерхолм веднаш истакна аспект честопати занемаруван во епидемијата Ковид-19:
„Прво, треба да го разберете нејзиниот тајминг, во смисла дека ова е само почеток. Значи, во однос на штетата, болката, страдањето, смртта што ја предизвикува, ова е навистина само почеток. Ќе се развива со месеци и мислам дека луѓето сé уште не го сфаќаат тоа“.
Иако епидемијата во Кина во голема мерка е стопирана, со пријавени само 15 нови случаи во цела Кина во средата, освен во Хонг Конг, Остерхолм предвидува дека штом се укинат радикалните масовни карантински мерки, коронавирусот таму ќе започне повторно да се шири.
“Ова навистина делува како вирус на грип, нешто што многу лесно се пренесува преку воздух. Сега имаме информации дека можете да бидете заразен пред да се разболите, а во некои случаи и да сте многу заразни. Доволно е да дишете”, вели Остерхолм, но предупредува дека не значи дека бројот на жртвите ќе биде споредлив со грипот.
„Веројатно најдобрата проценка што ја имаме досега, заснована врз ограничените податоци, е дека ова би можело да биде најмалку 10 до 15 пати полошо од најлошиот сезонски грип“, рече овој експерт.
Тој, исто така, наведе специфични бројки: „Со сигурност можеме да предвидиме дека 48 милиони ќе бидат хоспитализирани од 96 милиони заразени со над 480.000 смртни случаи што можат да се појават во наредните три до седум месеци. Ова не треба да се занемари“.
“Пред три недели, Италија живееше нормално. Сега северните делови на Италија се практично затворени. И тоа е предизвик со инфекцијата како оваа, може да се шири многу брзо”, рече Остерхолм, иако овие информации се веќе застарени, бидејќи Италија веќе во меѓувреме, ги прошири карантински мерки на целата земја.
Тој, исто така, прочитал е-пошта што ја добил од колега кој бил во контакт со кардиолог во Милано: „Тие одлучуваат кого треба да го пуштат да умре. Повеќе не го проверуваат персоналот затоа што им се потребни сите луѓе.”
Оваа изјава е во согласност со другите потресни сведоштва од италијанските лекари, според кои болниците се целосно пренатрупани, а постарите и хронично болните пациенти се оставени да умрат со цел да се обидат да ги спасат помладите и оние кои имаат поголема веројатност да преживеат, според методот на тријажа.
„Тој исто така вели дека виделе алармантен број случаи на возраст од четириесет и дека се работи за ужасни случаи, затоа мора да престанеме да размислуваме како за болест на старите луѓе“, додава Остерхолм, заклучувајќи: „Ова се случува, не само во Вухан, тоа се случува во Милано, се случува во Сиетл и ќе продолжи да се случува наскоро низ целиот свет “.
Додека во Кина, многу луѓе, особено постарите мажи, имаат влошен фактор, како пушачи, Остерхолм забележува дека во Соединетите држави фактор што ќе ја влоши состојбата на многу пациенти е нивната дебелина, што е поврзана со многу хронични болести како што се дијабетес и висок притисок.
Поточно, дури 47% од Американците на возраст над 45 години се дебели.