Американската манекенка Џулија Фокс, на забава на организацијата „Art of Elysium“ во Кан, се појавила во проѕирен корсет со кој го привлекла целото внимание.
Таа носела долго бело здолниште во специфична форма која наликувала на медуза и целосно проѕирен корсет кој откривал сè, а изгледот го надополнила со суптилен накит, подигната фризура и нагласена шминка. Реакциите за нејзиниот изглед се поделени.
„Секоја чест, ретко кој има храброст да излезе вака во јавност“, „Џулија спаѓа помеѓу најзгодните манекенки“, „Таа очајнички се обидува да го сврти вниманието кон себе“, „Мислам дека е доста“, се само дел од коментарите.
Неодамна започнаа да кружат гласини дека Фокс ослабнала со помош на инсулинските инјекции „Ozempic“, но таа подоцна се огласи, велејќи дека никогаш не би користела инјекции кои им помагаат на пациентите да преживеат.