Кимберли Гилфојл предизвика бројни реакции поради изборот на облека на свечената вечера по повод Денот на благодарноста која се одржа во Атина.
Американската амбасадорка во Грција се појави во тесен, чипкаст и делумно проѕирен фустан кој, според многумина на социјалните мрежи, бил „невообичаен“ и „несоодветен“ за дипломатска функција и за настан на кој присуствуваа високи официјални претставници.
Дел од коментарите го споредија нејзиниот изглед со „нешто што би го носела ријалити ѕвезда, а не амбасадорка“.
Ова не е првпат Гилфојл да предизвика внимание со своите смели модни избори. Откако ја започна дипломатската должност во Грција, таа неколкупати привлекла внимание со впечатливи и гламурозни стајлинзи.