Жена од Мисисипи е обвинета дека пукала и го убила својот сопруг за време на расправија во саботата наутро што таа го пренесувала во живо на Фејсбук.
Кадеја Мишел Браун (28) е обвинета откако смртно го застрелала Џереми Браун (28) во нивниот дом во округот Лоундес.
Во шокантното видео пред инцидентот жената му се пожалила на сопругот дека никогаш не е дома и дека не помага во грижата за децата. Во еден момент расправијата прераснува во физички конфликт, односно на снимката се слуша како Џереми постојано ѝ кажува на сопругата „да ги тргне рацете од него“ и да го остави на мира, пишува Дејли Мејл.
Непосредно пред да се слушне истрелот, Кадеја вика дека ќе го убие. Кадеја и нејзината мајка, која исто така била во куќата, се слушаат како викаат и Кадеја вели: „Не сакам да одам во затвор“. Во позадина се слуша како плаче дете кое вели дека го сака тато.
Според објавите на социјалните мрежи, парот имал четири деца и ја прославил својата годишнина од бракот на почетокот на овој месец. Шерифот на округот Лоундес Еди Хокинс изјави дека на местото на настанот бил пронајден пиштол калибар 9 мм. Браун е приведена без инциденти.