Погребите не се никако забавни, па многу со неубави чувства одат на погреби, додека другите тоа го прават без проблем.
Реално, погребите се кул само на филмовите, а на таа карта одлучи да игра и 26-годишната американска писателка и новинарка, Дана Шварц.
Таа откри на што е подготвена да направи за 50 долари, а нејзиниот пост на Твитер предизвика огромен интерес кај луѓето.
„Ако ми платите 50 долари, ќе се појавам на погреб на ваш близок или пријател. Ќе бидам многу далеку, ќе држам црн чадор, независно од тоа какво е времето, со што луѓето би помислиле дека сте умреле со некоја мрачна и интересна тајна“, напиша Дана.