Дарвет Браун (35) од Сан Бернардин е убиена откако полицијата ја нашла како вперила пиштол во главата на 3-годишно дете.
Полицијата во Калифорнија објави шокантна фотографија на која се гледа како жена држи пиштол на главата на дететот само неколку секунди пред да биде убиена.
Имено, полицајците морале брзо да реагираат и да го застрелаат Дарвет за да му го спасат животот на тригодишното дете.
Бабата на момчето, која била вознемирена од ситуацијата, итно повикала полиција, а полицајците брзо реагирале и успеале да го спасат тригодишното дете, пренесува Fox News.
Полициските камери ја снимиле оваа грозоморна сцена непосредно пред да ја убијат жената бидејќи како што се наведува „тоа била единствената вистинска реакција во тој момент“.
Бабата на момчето во полиција изјавила дека Дарвет веќе пукала со пиштол низ куќата, што многу ја исплашило. Кога полицајците стигнале до куќата, вратата била забарикадирана, но ја скршиле и виделе жена која држела пиштол вперен во главата на детето.
Момчето било видно вознемирено и плачело.
Полицијата испукала неколку куршуми кон жената, но после тоа таа сепак го држела вперениот пиштол во детето додека полицаецот повторно не пукал. Неговата колешка брзо реагирала и го грабнала момчето, по што Брзата помош ѝ укажала помош на застреланата Дарвет, но била констатирана смрт на лице место.
Бабата подоцна објаснила дека Дарвет бил пријателка која останала во нивната куќа да преноќи, а не го знаела мотивот за ваквото однесување.