Гризли мечка уби жена во САД откако претходно ја извлекла од шатор, јавува Би-Би-Си.
Леа Локан, 65-годишна медицинска сестра од Калифорнија застанала во градот Овандо за да кампува на своето патување со велосипед. За време на нападот кој се случил завчера, останатите кампери со спреј успеале да ја истераат мечката од локацијата за кампување.
Меѓутоа, несреќната камперка смртно настрадала, а полицијата и останатите служби најавија дека мечката ќе биде убиена доколку биде пронајдена.
Властите не ги убиваат сите мечки што напаѓаат човек, но одговорните служби велат дека со тоа што оваа два пати се вратила во кампот, нападот се смета за закана.
Мечката дошла во кампот околу 3 часот по полноќ, по што избегала.
Локан и нејзините придружници, кои престојувале во посебен шатор, ја извадиле храната од шаторот и продолжиле да спијат.Сепак, мечката наскоро се вратила и се случил смртоносниот напад.
Истражителите веруваат дека животното тежело приближно 181 килограм и тие успеале да пронајдат ДНК што ќе ја споредат со онаа мечка што ќе ја пронајдат.
Comments are closed.