150
Кардиналот Роберт Францис Превост е новиот Папа. Тој го избра името Лав XIV.
Превост доаѓа од Америка, односно од Чикаго и е првиот папа кој доаѓа од САД.
Претходно, бел чад беше испуштен од оџакот на Сикстинската капела попладнево, што значеше дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно новиот, 267-ми поглавар на Католичката црква. По појавата на чадот, следеше ерупција од радост од посетителите, кои сега се во исчекување да го дознаат името на новиот поглавар на Католичката црква.
Според традицијата, Доминик Мамберти, високиот кардинал ѓакон се појави на балконот на „Свети Петар“ и го објави историскиот момент со зборовите „Habemus Papam“ – „Имаме папа“.