Чудни се тие интимни, но во исто време и јавни моменти, кога нечија чисто човечка реакција ќе предизвика серија од последично-причински дејствија кои потоа се нарекуваат историја. Односно ги изучуваме по предметот историја.
На далеку е познат примерот со фрцкавата Клеопатра, која му прираснала за срце на големиот римски војсководец Гај Јулиј Цезар. Предизвикан од нејзиниот хм, интелект, Величествениот Цезар својата легија ја приклучил на силите лојални на Клеопатра, по што е издејствувана решавачка победа над војската предводена од Птоломеј, брат и сопруг на египетската кралица.
Емотивната врска која во критичниот момент несомнено се јавила помеѓу Јулиј и Клеопатра, довела до смрт на нејзиниот сопруг и брат. Нормално дека тоа не е првиот случај во историјата жената да го убие мажот во соработка со швалерот. Но, не е ниту прв случај еден маж да ја загуби главата поради швалерката. Тоа што е битно во приказната е дека од вонбрачното сексуалното општење на двајцата лидери е зачнат вонбрачниот син на Цезар, Цезарион, што подоцна ќе биде искористено за основа околу која се организирале неговите атентатори, а ќе биде повод и за потполното уништување на Египет од римските легии, бидејќи посинокот на Јулиј Октавијан Август не сакал да има било каква конкуренција за наследството на великиот Цезар и неговото устоличување како император.
Еден обичен швалерај, за какви секојдневно слушаме, резултирал со пропаст на древниот Египет и укинување на славната традиција на Римската република.
За среќа Македонија има одговорни политичари, кои својата интимност ја држат резервирана за брачните води, за што ќе се увериме во подоцежниот дел од текстот ќе резултира со еднакво драматични последици за македонската демократија, како и она ебавање на Гај и Клеопатра.
Сите добро се сеќаваме на историската седница на Сојузот на Ромите на Македонија, каде беше одлучено водачот на партијата Амди Бајрам да биде кандидиран за претседател на Република Македонија. Соочен со прекиот суд на својата партија, Гај Јулије Бајрам знаеше дека ќе мора да добие дозвола и од најголемата морална вертикала во неговиот живот, која колку и да е хумана во срцето сепак знае да биде мошне строга.
Објасни Амди потоа како одела целата ситуација, кога по драматичниот партиски состанок движејќи се загајлено по полумрачните сокаци и избегнувајќи ги погледите на љубопитните погледи на случајните минувачи, тој конечно ја отвори портата на неговата семејна куќа каде како гладиус беше пресечен од строгиот поглед на неговата сопруга Перјан.
– Перјан на почетокот не беше баш многу расположена затоа што влегувам во претседателската трка, но потоа омекна и ми ја даде поддршката. Нејзината грижа можам да ја разберам. Имав здравствени проблеми во минатото, и токму поради моето здравје таа реагираше на тој начин. Тоа е нормална реакција на секоја сопруга која се грижи за својот животен сопатник – изјави нашиот Цезар.
Но, тоа што Бајрам го сокри од новинарите е како всушност се одвивал разговорот со неговата Перјан.
– Ќе се кандидирам за прецедател – обидувајќи се да ја сокрие својата анксиознот пред саканата, идниот претседател на Македонија реши дека ќе биде најдобро онака на прва да ѝ ја соопшти веста. Нормално дека то предизвика изненадувачка реакција кај Перјан, проследено со шокантно ококорување на очите како во осуминутен форшпан во индиска серија. Додека траеше оваа бура од емоции, Амди ја крена десната рака и го испружи средниот прст.
– Ќе им дадам гол со пета – подвикна тој охрабрено – 102 проценти ќе победам, јас сум бренд Кока Кола за нив. Ги имам списоците за Топанско и 90 посто од Ромите ќе гласаат за мене.
Наеднаш шокираниот поглед на Перјан го намали интензитетот и иако остана загриженоста и натаму присутна во нејзините очи, на Амди му стана јасно дека го добил нејзиниот аманет.
Се разбира дека не можеме да бидеме сигурни за тоа дали навистина овие зборови биле користени во комуникацијата на Бајрамови, но сигурни сме дека речениците од дијалогот се изговорени од Амди во други прилики, а тој потоа ќе додаде:
– Знам дека кога Перјан би станала прва дама, на почеток ќе и треба време, прилагодување, но таа ќе се покаже во вистинското светло. Мојата сопруга цел живот е домаќинка, посветена е на семејството. Во душата е голем хуманист.
Тоа е разликата помеѓу Амди и Цезар. И двајцата се големи историски фигури, кои се разликуваат само по една работа. Амди пред да се кандидира побара дозвола од сопругата, а Цезар во обидот да ја узурпира демократијата во Рим, наместо кај жена си отиде под сукњата на таа фуфата од џенем.
За мене тој е 102 проценти новиот претседател на Македонија, а Перјан е мојата прва дама.
(Преземено од Фејсбук)