Амал Клуни ја одржува витката линија со здрава исхрана и веќе со години појадува ист оброк секој ден.
Сопругата на познатиот актер Џорџ Клуни важи за една од најубавите жени во светот, а сега ја откриваме тајната зад нејзиното витко тело.
Оваа успешна адвокатка за човекови права и сопруга на познатиот актер избира многу егзотичен оброк за појадок. Во претходно интервју за Vogue, откри дека веќе долго време е верна на истиот оброк – ладна супа од алги. Иако можеби не звучи многу примамливо, особено како прв оброк во денот, супата има бројни придобивки за организмот.
„Алгите се природно богати со јод, важен минерал кој му е потребен на нашето тело за производство на тироидни хормони. Овие хормони се значајни за клучните процеси во телото, како што е метаболизмот. Недостатокот на тироидни хормони често може да доведе до проблеми како ниска енергија, сува кожа, проретчена коса, запек и зголемена телесна тежина,“ објасни нутриционистката Наоми Њуман-Бинарт.