Сопругата на холивудската звезда Џорџ Клуни, адвокатката Амал Клуни во средата навечер за малку ќе се испружеше на една калдрма во Њујорк. 41-годишната Амал која носеше црвен фустан и потпетици излегуваше од автомобилот, кога изгуби рамнотежа, но успеа да се задржи на нозе.
Овој пат Амал не беше со сопругот Џорџ Клуни, со кој ја прослави петтата годишнина овој април.
Интересно е што нејзината сестра, 47-годишната Тала, имаше слична ситуација во 2015-та година кога падна на колена.