Џорџ Клуни има петгодишна вонбрачна ќерка со поранешната мис на Америка, Стејси Киблер – објави американскиот портал „Госип ком“ . Клуни на домашна адреса добил анонимно писмо во кое се бара да направи тест за докажување на татковството за да се утврди дали петгодишната Ава е негова ќерка. Наводно, писмото го нашла Амал, неговата сопруга. Истиот портал пишува дека Клуни одбил да направи тест и дека не го признава детето.
Ниту глумецот, ни поранешната мис засега не коментираат, иако возраста на девојчето се поклопува со времето кога Џорџ и Стејси беа во врска. Тие се гледаа неколку години, и иако светските медиуми најавуваа свадба, раскинаа во 2013 година. Клуни потоа ја запозна Амал, со која се венча во 2014 година и со која има две деца.