Еден од најдобрите актери на сите времиња Ал Пачино, го слави 83-от роденден. Критичарите би имале полни раце работа кога би ја бирале неговата најдобра улога, а што покажуваат деталите од неговиот љубовен живот?
„Никогаш не ме интересирало да бидам богат и славен. Единствената работа која навистина ми значи е актерството. Доаѓам од Бронкс, а славата ме затекна неподготвен. После „Кум“, не знаев што не снајде. Не знаев веќе кој сум, жените спиеја пред мојата врата“, изјавил во една прилика славниот актер кој во 1971 година на снимањето на филмот на режисерот Франсис Копола ја запознал Дајана Китон. Филмот имаше премиера наредната година.
Популарните актери започнаа да се забавуваат набрзо по запознавањето и со бројни раскинувања останале во чуден однос до 1990 година и третиот дел на култното остварување. Нови љубови доаѓале во животот на Дајана Китон, но и после тоа таа му се враќала на Пачино.
„Тој е толку забавен. По мое мислење тој има најубаво лице. Мислам дека Ворен е прекрасен, но лицето на Ал Пачино е убиствено прекрасно“, изјавила актерката.
Таа го изјавила и следното: „Не сум знаела да се справам со славата. На некој начин бев свесна дека тоа нема да трае и дека со него никогаш нема да останам до крај, да ги остварам своите соништа. Можеби затоа не се мажев. Можеби сакав нешто повеќе, а можеби ни како Пачино не бев подготвена за брак“.
Ал Пачино (81) не лажел во врска со размислувањето за бракот затоа што тој до денес не се женел.
Негова љубов била и професорката по глума Џен Тарант со која има ќерка Џули Мери и актерката Беверли Д’Анџело со која добил 17-годишни близнаци, син Антон Џејмс и ќерката Оливија Роуз. Бил во врска и со 40 години помладата Лусила Соло, пред 10-на години, како и со Линди Хобс.
Се забавувал и со израелската актерка Мејтал Доан која била помлада од него речиси четири децении.
По раскинувањето таа изјавила: „Тешко е да бидете со толку стар човек, па без оглед на тоа дали тоа е Ал Пачино. Разликата во годините е преголема. Се трудев тоа да го занемарам, но да бидам искрена, тој сега е еден стар човек, а и покрај љубовта тоа не опстана“.
Ал Пачино сега е во врска со 53 години помладата Нур Алфалах која поради романсата, но и врската со постариот Мик Џегер и наводната афера со Клинт Иствуд, таа е окарактеризирана како девојка која ги „брка“ постарите мажи, светски ѕвезди.