Цената на струјата за домаќинствата од Нова година ќе поскапи максимум осум до девет отсто, дознава Алсат од владини извори.
Додека финишираат пресметките за новата повисока цени, властите денеска прогласија кризна состојба во енергетиката која во сила во Македонија ќе биде во следниве 30 дена. Со овој потег Владата може во државните енергетски компании да вбризга пари од буџетот. Наместо за ковид програмата, од Илинденска во касите на ЕСМ и МЕПСО ќе префрлат 65 милиони евра за набавка на скапа струја од увоз и одржување на ликвидноста. Надлежните уверуваат дека рестрикции со користењето на електричната енергија нема да се случат.
„Сè со цел да загарантираме што пониски цени на електрична енергија за домаќинствата се прави разлика во делот на производството по мегават што може да го постигне ЕСМ и одлуката во делот на цената што ја носи владата која е 36,1 евра по мегават час во моментов“, рече Крешник Бектеши министер за економија.
„Моето лично мислење е дека треба да има одговорност. Но, првично треба да се справуваме со енергетската криза, а откако ќе се справуваме и ќе ги донесеме соодветните мерки, ќе седнеме и ќе разговараме за конкретна одговорност и кој потфрлил во домашното производство“, додава Бектеши.
А~ за производство на струја во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, ЕСМ овие неколку дена веќе потроши девет милиони евра за набавка на струја од странство.