Некогаш, 52-годишната Карла Бруни беше топ модел, пејачка и текстописец. Денес, таа е сопруга на поранешниот француски претседател, но таа се уште снима албуми. Италијанката порано беше украсена со неверојатна убавина, но за жал, беше подложена на бројни операции, ботокс и слично, поради што денес е видноизменета. Во брак е со Саркози од 2008 година. Нејзините медиумски настапи денес се многу ретки, па сите беа изненадени од интервјуто за британски „Телеграф“ во кое таа зборуваше за карантин со своето семејство, но и за проблемите со алкохолот.
“Кога пијам, претерувам. Размислував, ако поминам во карантин пиејќи алкохол, ќе завршив, ќе бев мртва. Не знам како да бидам умерена”, вели Карла Бруни, додавајќи дека успеала да го надмине овој проблем за време на карантинот.
До својата 20 -та година, Карла Бруни беше меѓу 20 -те најдобро платени модели во светот, и заведе многу познати и постари мажи. Таа беше во врска со Мик Џегер и Ерик Клептон, а мажите ширум светот воздивнаа по неа.
Ниту јавноста не можеше да се засити од нејзината убавина и шарм, а поинформираните извори тврдат дека Саркози полудел за време на првата средба во 2007 година. Се шпекулираше дека таа го завела и Доналд Трамп.
За нејзината убавина се зборуваше, а каде и да се појавеше, привлекуваше големо внимание. Во желбата да го задржи младешкиот изглед, Карла претера со естетските зафати, па сега многумина велат дека ја изгубила убавината.
Покрај тоа, прекумерното консумирање алкохол остави трага на нејзиното лице.
Comments are closed.