Синоќа Али Ахмети и Артан Груби одржаа трибина во Гостивар.
Ахмети на трибината рече дека не корумпира власта, туку стравот од нејзиното губење.
Ахмети рече дека нема намера да го смени Артан Груби и се осврна и на поделбите во партијата.
“Десет години бараа смена на Муса Џафери, но јас не сум го сменил затоа што тоа било волја на мнозинството. Абдилаќим упорно бараше да го сменам, но јас не го сменив затоа што беше таква волјата на мнозинството. Сега бараат да го сменам Артан Груби, но не го менувам. Таква е волјата на мнозинството. Генералниот совет одлучи.
Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“. Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“, коментираше Ахмети.