Американската кантавторка Алиша Кис вчера изненади со настапот на железничката станица во Лондон, свирејќи на црн пијано донирано на железницата од Елтон Џон.
Музичарката и добитничка на 15 Греми награди, изведе вкупно четири песни, меѓу кои и хитовите „Empire State of Mind“,„ If I Ain’t Got You“ и „No One“, на железничката станица Св. Панкрас, која го поврзува Лондон со остатокот од Европа.
Голема публика и аплаудираше на Кис за време на настапот. Таа ја изведе и песната „Lifeline“ од саундтракот на новиот игран филм „The Color Purple“. Филмот е заснован на мјузиклот на Бродвеј, кој, пак, е заснован на романот од 1982 година.
Кис ѝ пееше на публиката десет минути, а многу патници ја снимаа и фотографираа.
Таа беше во Лондон за викендот за да го предводи концертот организиран од една радио станица во лондонската О2 Арена.
Ѕвездата беше номинирана на 66-те Греми награди за најдобар извонреден аудио албум за „The Diary of Alicia Keys“, објавен на 20-годишнината од нејзиниот истоимен многу успешен албум на врвот на топ листите.
https://twitter.com/i/status/1734479448341467199