Жена од Јужна Каролина почина вчера откако e нападната од алигатор додека го шеташе своето куче во близина на терен за голф, соопштија властите.
69-годишна жена, која не е именувана, е пронајдена мртва на островот Хилтон Хед, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Бофорт во соопштението за медиумите.
Шеесет и деветгодишната жена e пронајдена на работ на лагуна која се граничи со терен за голф. Од канцеларијата на шерифот наведуваат дека алигаторот не им дозволил на спасувачите да се приближат до телото на жената. Алигаторот на крајот безбедно е отстранет и телото на жената е пренесено za oбдукција, пишува Гардијан.
Властите велат дека ова е втор фатален напад на алигатор во округот Бофорт во изминатата година. 88-годишна жена од Сан Сити беше нападната од алигатор во лагуна во близина на нејзиниот дом во август минатата година. На Флорида, во февруари годинава, алигатор убил 85-годишна жена, која исто така го шетала своето куче, влечејќи ја за нога во езерото.