Алесандра Амбросио има ново момче (ФОТО)

by Тони Зографски

Алесандра Амбросио (43), познат бразилски супермодел, е „уловена“ со новото момче Бак Палмер на плажа во Рио де Жанеиро. Двојката се бакнувала пред сите присутни.

Алесандра ужива во прегратката на згодното момче Бак Палмер, австралиски дизајнер на накит. А новите папарацо фотки од плажа покажуваат дека се вљубени до уши.

Имено, познатата убавица и нејзиното атрактивно момче се фотографирани како се држат за рака на брегот, откако излегле од водата.

А потоа влетале во прегратка еден на дру и сите присутни на плажата им покажале колку се сакаат.

Алесандра Амбросио изгледала одлично во шареното бикини, покажувајќи ја својата беспрекорна фигура. Нејзиниот партнер бил во црн костим за капење, а сите биле воодушевени од неговото мускулесто тело.

ImageImageImage

останати вести