Модната недела во Париз е светски настан и како и секогаш новите стилови ни ги покажуваат креативните, познати дизајнери.
Ниту познатата манекенка Алесандра Амбросио не можеше да ја пропушти неделата на мода и стил, а нејзиното појавување на ревијата на модната куќа „Of White“ беше повеќе од поздравено од голема група фотографи.
Таа избра стил кој долго време е омилен во модниот свет. Во комплет со здолниште и кратка јакна, таа позираше, дозволувајќи ѝ на облеката да ги истакне нејзините најдобри адути.
Комплетот е кариран, во комбинација на црвена и сина боја. Копчето на сакото одлично се совпаѓа со копчињата на здолништето.
Избрала црвени потпетици чија висина ја истакнува должината на нејзините нозе.
Одамна не сме виделе симпатична фризура како онаа на Алесандра. Со венче ја тргнала косата од лицето, а краевите на косата ѝ беа навиткани.