За време на празниците што ги помина со семејството во родниот Бразил, Алесандра Амбросио блескаше под бисери.
Поранешниот „ангел на Викторија“, која денес има 42 години, позираше со своите деца Ања (15) и Ноа (11) со кои ја дочека Новата година во ресторанот „Фиори“ на островот Флорианополис.
Таа деновиве сподели многу фотографии од одморот во нејзината земја каде моментално е лето, а често се фотографира во бикини, додека за новогодишната ноќ апсолутно докажа дека времето не ѝ може ништо и ги покажа нејзините познати нозе и затегнат стомак во краток, проѕирен фустан обложен со бисери.
Со дискретен златен накит и летни сандали со проѕирни прерамки, покрај краток фустан со гол стомак во боја на кожа, поранешната манекенка одлично го спои гламурот на новогодишната ноќ и летниот амбиент на Бразил.
Подеднакво негувана била и нејзината ќерка, која неверојатно личи на нејзината мајка. Таа носеше краток, светкав, златен мини фустан со сандали со прерамки.
Затоа синот Ноа бил облечен многу полежерно од неговите придружнички, во бела поло маица со кратки ракави и сиви шорцеви со светло сини патики.