Ален Исламовиќ и покрај повредата се појави на концертот на „Бијело дугме“ во Крагуевац, Србија. Имено, пејачот ја повредил Ахиловата тетива, поради што на концертот се појавил во инвалидска количка. Настапот го извел седејќи на стол.
„Со скината Ахилова тетива и операција направена пред четири дена во Сомбор, пристигнав на концертот во Крагуевац на 28 јуни 2024 година за да ја прославам 50-годишнината од „Бијело дугме“, бидејќи не сакав да ја пропуштам таа прекрасна вечер. Крагуевац, благодарам, бевте фантастични“, објави тој на Фејсбук.
По сараевскиот концерт на „Бијело дугме“, Ален најави дека групата подготвува и нов албум. Тој беше гостин во поткастот „Soundtrack time“ на новинарот и уредник Амир Мисирлиќ по концертот во Сараево и откри дека на споменатиот албум треба да работат во септември.