Ѕвездата на Чиле и на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез открива дека уште како дете си зацртал дека ќе стане фудбалер, па играл каде и да го викнеле и на било која позиција.
“Кога бев дете, сакав да станам професионален фудбалер. Мојот психолошки пристап беше секогаш да се победи и да одам што е можно подалеку играјќи фудбал. Играв на секој турнир. Фудбалот ме правеше среќен, па позицијата не ми беше толку важна. Постојано играв со постари лица. Играв на улица, а често одев да играм и во локалниот затвор. Таму игравме на земјена подлога, и јас стоев помеѓу стативите “, вели Алексис Санчез.
Со напорна работа, Алексис Санчез си го оствари сонот, и не само што игра фудбал, важи за еден од најдобрите напаѓачи. По авантурата во Удинезе и Барселона, тој беше прв играч на Арсенал, а сега го носи дресот на Манчестер Јунајтед.