Еден од најдобрите македонски пливачи, а сега претседател на пливачката Федерација на Македонија, Александар Маленко се ожени по петти пат. Негова нова избраничка е инструкторката за пливање Метка Спаравец од Словенија. Таа и Маленко објавија фотографиите од венчавката на социјалните мрежи.
„По 26 години си кажавме да“, напиша Маленко.
Инаку, ова е петти брак за Александар Маленко. Тој зад себе има четири брака и пет деца. Прво беше во брак со водителката Сузана Турунџиева, со која ја има ќерката Лора од која доби и внук. Беше во брак и со актерката и поранешната директорка на театарот „Комедија“ Јелена Жугиќ, со која го има синот Ахил, а потоа се ожени со шест години постарата Русинка Татјана Михалова Фјодорова со која исто така има син. Со четвртата сопруга, Фани поранешниот пливач има два сина.