Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека земјата од понеделник се враќа на секојдневните обврски и ќе има порелаксирани мерки на вонредна состојба поради коронавирусот.
Се очекува враќање на многумина на работа, потоа да да почнат со работа на градинките и кафулињата, се разбира со задолжително почитување на физичката дистанца од 2 метри.
Истовремено Вучиќ, како и други граѓани, се врати на редовниот работен ритам.
Тој на Инстаграм се огласи со убавите вести и вообичаените активности.
-После долго време се враќаме на вообичаените активности. Ручек на работа, извонредна боранија – напиша Вучиќ.