Александар Вучиќ: Данка е убиена

by Тони Зографски

Полицијата уапсила две лица кои ја убиле двегодишната Данка Илиќ и тие го признале делото, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Со какви чудовишта си имаме работа. Сега тие водат до местото каде што го фрлиле телото на детето“, рече тој.

Тој и се заблагодари на полицијата за напорите и ангажманот.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна пред десет дена во Бањско поле кај Бор, оттогаш потрагата по неа продолжува.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com