Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја искористи паузата на состаноците со европските претставници за виткање на сарми.
-Во паузата на состанокот со европските преставници и со својот тим за унапредување на животна средина им помагав на вработените во кујната на Претседателството и уживав во миросот на сармите кој се подготвуваа за понеделник, -објави Вучиќ на својот Инстаграм профил.
-Фала на прекрасните готвачки Јованка Петровиќ и Гордана Ненадовиќ, како и на Шќепан Рељиќ, што не им е тешко да работат во сабота и што секогаш подготвуваат највкусна храна за вработените и за нашите гости – порача Вучиќ на Инстаграм.