Познатата српска дизајнерка Верица Ракошевиќ (73) јавно раскажа за драматичната ситуација што ја снашла неа и нејзиниот сопруг Вељко Кузманчевиќ на одморот, пред пет години. Како што истакна таа, тие скоро ќе ја загубеле главата во Македонија, додека спиеле на брегот на Охридското Езеро во камп приколката со кој патувале.
– Некаде околу еден часот по полноќ, Вељко ме разбуди и ми ја стави раката на мојата уста и ми рече дека некои луѓе се покрај кампот. Јас се згрозив и уште повеќе се исплашив кога слушнав дека не пцујат на албански јазик. Најстрашниот дел од разговорот беше кога тие се договараа дали да го запалат кампот или да влезат и да нè убијат, раскажува таа за српскиот магазин „Hello“.
Таа понатаму раскажува дека е горда на нејзиниот сопруг кој останал трезен и што не избувнал во моментот.
-Тој веднаш го запали комбето и заминавме од таму, не застанавме додека не ја преминавме грчката граница. Македонците се прекрасни, топли и срдечни луѓе и ова нема никаква врска – посочи креаторката за магазинот.
Како што признава таа не дозволила остатокот од нејзиниот одмор да биде обоен во страв поради сè што преживеале во Македонија. Тие потоа заминале за Крф.