Жена од Албанија загинала кога паднала во мелница за месо во месарница во грчкиот град Мисолонги.
Трагедијата се случила во петокот околу 21 часот.
Несреќната Ана, на околу 50 години, отишла да ја исчисти машината што меле месо. Се претпоставува дека механизмот и ја фатил косата, по што паднала во машината, која ја распарчила, објави ЕРТ.
Трагедијата наводно се случила пред очите на ќерката на жртвата (18), која почнала да вреска.
-Ќерката излегла на улица и повикала помош – рекол еден од очевидците.
Случаен минувач потоа влегол во продавницата и го открил ужасот што се случил. Девојката потоа била пренесена во болница во состојба на шок, а подоцна била отпуштена.
Телото било извлечено од машината дури околу полноќ.
– Ќерката чистела напред, а мајката во кујната. Во еден момент девојката слушнала крик. Втрчала и ја видела мајка си во мелницата – рекол роднината на жртвата.
Според локалните медиуми, мајката и ќерката работеле заедно во агенции за чистење.
Жената живеела во Мисолонги со ќерката и синот (10) последните две години. Таа дошла во Грција откако се развела од сопругот.
– Беше многу добра жена. Работела од утро до вечер, чистела продавници заедно со нејзината ќерка, за да врзе крај со крај – изјавил сосед за локалните медиуми.
Полицијата го уапси сопственикот на месарницата, кој е осомничен за индустриска несреќа која довела до убиство од небрежност.