Од утре на полноќ Албанија ќе биде целосно изолирана. Премиерот Еди Рама најави дека копнената граница на Албанија ќе биде отворена само за транспорт на стоки.
„Од утре, недела на 15 март на полноќ, 00:00 часот, целосно се забранува влез во Албанија од Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Грција за сите патници со автобуси, микробуси или автомобили! Копнената граница на Албанија ќе остане отворена единствено за транспорт на стока. Страв ни најмалку, внимание да! напиша Рама на социјалните мрежи.
Во Албанија, според министертвото за здравство, до сега регистрирани се 38 лица заразени со коронавирус, едно лице почина додека две се во тешка здравствена состојба.
Од денеска и Косово ги затвори границите, а се пропуштаат само лица со косовско државјанство.