Големи протести се случија вчера во Тирана. Албанците се незадоволни што во нивната земја доаѓа претседателот на Србија Александар Вучиќ заедно со премиерот на Македонија, Зоран Заев.
Албанскиот премиер Еди Рама на платформата „Тик Ток“ го објави моментот кога еден млад човек, учесник во протестот, се обидел да го симне српското знаме поставено на јарбол на плоштадот „Народни херои“ среде Тирана.
Како што напиша Рама човекот успеал да скине половина од знамето, а останатото останало на столбот.
Младиот човек паднал од значителна висина, како што пишува Рама.
-Јас предавник а овој патриот така се паѓа а! Бог да ја спаси Албанија од будали“ напиша Рама.
https://twitter.com/i/status/1472968857069531137