Девизата на Адријана Алачки е секое утро е нов предизвик, а најважно од се е да се разбудиш среќен. Пејачката, водителка и претседател на здружението „Гастромак“ е голем поборник на природниот изглед.
„Немам ботокс, хиалурон, филери. Не сум противник, но сепак кога ќе видам неприродно и лошо аплицирани пополнувања, верувајте, од глетката се чувствувам страшно. Треба добро да се одбере каде и кој ќе ви го работи лицето“, вели Адријана за Женски магазин.
Поради начинот на живот, долготрајните снимања, патувања, ангажмани, стресот и заморот кој го прави своето, таа наоѓа третмани со брзи ефекти и хидратација на кожата од 30 минути.
„ Нема подобра козметика и сјај на лицето од здрави живи успешни и среќни деца и внука, и тоа се нарекува специјален третман за лице. И секоја брчка е од нив, и секој сјај е од нив“, изјави Алачки која во јуни наполни 52 години.