За време на говорот на поранешниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов, во Мелбурн се вклучи аларм по што настапот на поранешниот шеф на државата привремено мораше да биде прекинат, објави „Фаланга“.
По рутинската проверка, сите се вратиле во салата, а Иванов го продолжил говорот.
Инаку, Ѓорге Иванов, со семејството, сопругата Маја и синот Иван, се наоѓаат во посета на македонските иселеници во Австралија. Тој е таму на покана на The Macedonian Community Welfare Association (MCWA)– Македонска добротворна организација, која пред два дена организираше гала вечера со Иванов. На гала вечерата со Иванови можеа да присуствуваат сите со купени влезници. Собраните средства, ќе бидат донирани во хуманитарни цели, информираат организаторите.