Полека се сложуваат коцките околу синоќешниот пожар во Нотр Дам. Како што објави Си Ен Ен, синоќа во 18.20 часот се огласил пожарниот аларм во Нотр Дам, локалните чувари го слушнале и ги евакурале посетителите. Катедралата била комплетно евакуирана, но не се гледал огинот. Алармот повторно се вклучил три минути подоцна, и тогаш чуварите го виделе огинот.
Инаку, со векови старите дрвени греди на покривот, каменот од надворешната страна од катедралата и готската архитектура значително го отежнувале гаснењето на пожарот во Нотр Дам, тврдат експерти. Меѓутоа, според нивна проценка, најголем проблем било да се пристапи до дрвените греди на покривот, кои формирале конструкција за голем покрив. Кога гредите почнале да горат, надворешноста на катедралата, која е од камен, им отежнувала на пожарникарите кои биле надвор од објектот да му пријдат на изворот на пожарот. Имено, каменот ги задржува топлината и димот, што ги спречувало да работат внатре во црквата.
Проблем претставувала и висината на Нотр Дам, бидејќи поради неа внатре во самата структура имало многу кислород кој го разгорувал огнот и им правел проблеми на обидите да се стигне до изворот на пожарот.
Си Ен Ен напоменува и дека гаснењето на огнот по воздушен пат, како што предложил американскиот претседател Доналд Трамп, не било реално.
Што се однесува до донациите од претпријатијата и од француските милионери за реконструкција на Нотр Дам, тие надминаа 600 милиони евра. Семејството на наследниците на Л’Ореал , Бетнакур-Мејер и глобалниот козметички гигант денеска најавија донација од 200 милиони евра, покрај 200 милиони од семејството Арно и групата ЛВМХ, како и 100 милиони ветени од Тотал Вкупно и од семејството Пино (Керинг).
Француската бискупска конференција соопшти дека утре попладне, поточно во времето на избувнувањето на пожарот, ѕвоната на сите катедрали во цела Франција ќе бијат во знак на солидарност.
Stanje katedrale Notre-Dame nakon požara
Potresne snimke jutro nakon velikog požara. Građani se okupljaju oko katedrale Notre-Dame i ne vjeruju što se dogodilo. 🙁 RAZVOJ DOGAĐAJA I REAKCIJE PRATITE OVDJE: https://www.index.hr/vijesti/clanak/uzivo-slike-unistenja-su-strasne-na-tragediju-notredamea-stizu-brojne-reakcije/2078708.aspx
Posted by Index.hr on Tuesday, April 16, 2019