Светската здравствена организација објави податоци од новата студија за тоа како работното време се манифестира на здравјето.
Околу 745.000 луѓе починаа од мозочен удар или срцеви заболувања поврзани со предолго работно време во 2016 година, што е скоро 30 проценти повеќе отколку во 2000 година. Поголемиот дел од жртвите, дури 72 проценти, се средовечни или постари мажи.
Ова се резултатите од студијата на Светската здравствена организација за предвремена смрт поврзана со подолго работно време, објавена во списанието „Environment International“. Студијата наведува дека продолжената работа е смртоносна за стотици илјади работници годишно ширум светот, а негативниот тренд може дополнително да се влоши и забрза заради пандемијата на коронавирусите.
Неделен распоред од 55 часа или повеќе го зголемува ризикот од мозочен удар за една третина, и исхемична срцева болест за 17%, во споредба со помеѓу 35 и 40 часа. Студијата опфати 194 земји, а покрај СЗО учествуваше и Меѓународната организација на трудот. Поголемиот дел од жртвите, дури 72 проценти, се средовечни или постари мажи.
Истражувањето е направено во периодот од 2000 до 2016 година, односно пред короната, така што научниците веруваат дека почестата работа од дома и забавувањето на глобалната економија може да го зголемат ризикот.