До први ноември во Македонија ќе починат 1.629 луѓе од ковид-19 ако продолжи олеснувањето на мерките за заштита сè додека дневната бројка на мртви не достигне 8 на 1.000.000 жители, кога повторно би се вовеле построги мерки, предвидува американскиот Институт за здравствени мерења и проценки при Универзитетот Вашингтон од Сиетл,
Покрај ова од Американскиот институтот предупредуваат на уште две можни сценарија, и тоа најлоштото е ако продолжи олеснувањето на мерките и никогаш не бидат вратени, и во тој случај проекцијата е 1.805 мртви до 1. ноември. Во тој случај, бројот на починати би пораснал до 32. лица дневно, додека во најповолното сценарио, таа бројка е 3. дневно.Според најповолното сценарио, ако 95 отсто од граѓаните носат маски на јавни места, бројот на починати до 1. ноември би изнесувал 752.
Проекциите на Институтот за здравствени мерења и проценки се објавени на 14. јули, врз основа на бројките до 11. јули, кога имаше 380. починати во Македонија.