Најсекси маж за 2024 година е Џон Кразински.
45-годишниот актер победи во изборот кој секоја година се организира од списанието People. Тој вели дека воопшто не очекувал да победи во оваа „трка“, па кога дознал бил многу изненаден.
„Веднаш ми се стемни. Мозокот ми се исклучи и имав нула мисли. Освен тоа што можеби мислев дека ме зафркаваат. Вообичаено не се будам со мислата: ‘Дали ова е денот кога ќе бидам избран за Најсекси маж на светот?’ Но, тоа навистина беше денот и вие го направивте тоа. Вие ги подигнавте стандардите за мене“ – рекол тој.
Кразински, кој е познат по улогата во „The Office“, е во брак со актерката Емили Блант и е посветен татко на нивните две ќерки, 10-годишната Хејзел и 8-годишната Вајолет. Тој вели дека многу го цени животот што го има изградено со Блант.
Минатата година за најсекси маж беше прогласен Патрик Демпси, а претходни носители на оваа титула се и Крис Еванс, Дејвид Бекам, Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Адам Левин, Ченинг Тејтум, Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Бред Пит, Џони Деп, Хју Џекман, Џон Леџенд, Пол Рад, Идрис Елба, Џорџ Клуни, Ричард Гир и Мајкл Б. Џордан.