Актерот Ѓорѓи Тодоровски-Трупче во Драмски ја одигра последната престава и замина во пензија. Веста ја сподели неговата сопруга Росана, која објави и фотографија од претставата во неговиот матичен театар, каде што е од 1981 година. „Ти благодарам што ме научи да го сакам театарот, ти благодарам за секојпат кога бараше совет од мене при градењето некој лик. На тој начин и јас барем малку се чувствував како да ја исполнувам мојата неостварена актерска игра“, напиша ќерка му Ивана.
Тодоровски е роден 1956 година во Битола. Дипломирал на ФДУ во Скопје во класата на професорот Љубиша Георгиевски, а од 1981 е во Драмски во Скопје. Работел со многу познати тетарски режисери, а своите почетоци ги врзува со Слободан Унковски во претставите „Ослободување на Скопје“ и „Хамлет“. Со својот професор, режисерот Љубиша Георгиевски, работел во претставите „Црнила“, „Еригон“, „ЈУ-антитеза“ и други. Улогите што се паметат се и оние во претставите „Рибарски караници“, „Викенд за мртовци“, „Самоубиец“, „Зојкин стан“, „Дон Жуан“ и многу други.
Забележливи му се и улогите во многу детски претстави. Учествувал речиси на сите позначајни театарски фестивали. Својот талент го покажал и во над 50 радиодрами, како и во 4 играни филма: „Време води“ на Бранко Гапо, „Хај фај“ – В. Блажевски, „Војници“ – Стјепан Заниновиќ и играниот италијански филм за Мајка Тереза, „Глас“, каде што ја оствари улогата на Лоренцо, на познатиот италијански режисер Брунело Ронди.
Извор: репортер.мк