Робин Вилијамс (1951-2014) бил прекрасна личност, а со својата смисла за хумор, но и љубезност, ги воодушеви луѓето ширум планетата.
Легендарниот стендап комичар, актер и добитник на Оскари своевремено во тајност собирал и донирал 50.000 долари за банката за храна во Сиетл, наведува „UpWorthy“.
Донациите пристигнале меѓу 2004 и 2008 година
Актерската ѕвезда почнала да ја поддржува Банката за храна во Западен Сиетл во 2004 година. Своевремено имал стендап настапи во еден ноќен клуб во Сиетл и целиот приход од емисијата го донирал во споменатата банка.
„Бев изненаден – во позитивна смисла. Робин Вилијамс е тип на човек кој навистина разбира дека постојат многу луѓе кои навистина, навистина се борат“, изјавила тога извршната директорка на Банката за храна во Западен Сиетл, Френ Јитс, пренесува „Today“.
А, оние кои имале корист исто така биле изненадени од тоа што актерот не сакал да добие никакви признанија за многуте добри работи кои ги направил за другите, пренесува „Daily Mail.“