Американската актерка, медиумска личност и јутјубер Лиза Коши беше меѓу првите кои прошетаа на црвениот тепих на овогодинешното доделување на Оскарите. Таа носеше огромен црвен фустан и високи потпетици на платформа, што се покажа како лош избор.
Додека одеше по црвениот тепих, Лиза се сопна и падна на подот. Но, нејзината реакција ги воодушеви фановите. Падот не и пречеше на Лиза, таа се насмеа, а потоа стана и продолжи да се фотографира.
https://twitter.com/i/status/1766918757665165542