По другите ѕвезди кои доживеаја лошо однесување од обожавателите, сега тоа на своја кожа го почувствува и холивудската актерка Флоренс Пју, која вчера беше погодена во главата со предмет фрлен од публиката.
Актерката присуствувала на премиерата на филмот „Dune: Part Two“ во Сао Паоло, Бразил заедно со своите колеги Зендаја, Остин Батлер и Тимоти Шаламе.
Someone threw something at Florence Pugh and hit her in the face at #CCXP23 pic.twitter.com/aWB7J0gOyV
— Timmytea (@timmostea) December 3, 2023
Флоренс не можела да го скрие шокот од инцидентот, како и нејзините колеги, а судејќи по нејзината реакција, болката e очигледна. За среќа, таа не била сериозно повредена, освен непријатноста што ја доживеала, а сето тоа се случило додека позирала со колегите на сцената пред фотографите. Не е познато дали младата актерка била намерна мета или случајно била погодена.
https://twitter.com/i/status/1731426904421355681
Снимката од тој инцидент од моментот на објавување па во наредните 12 часа е најгледаната на светот, бидејќи успеа да добие дури 2,5 милиони прегледи. Јавноста во главно била шокирана и осудувачки настроена.