Актерката со најголеми природни гради во Холивуд, Кристина Хендрикс која се прослави со улогата Џоан во серијата „Mad Men“, споделила провокативна фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, па привлекла големo внимание.
Оваа 46-годишна актерка објавила селфи фотографија, а позирала во црна, чипкаста долна облека која го истакнала нејзиното раскошно деколте и прекрасна фигура на тело.
„Ти си оган“, „Не можам да дишам“, „Апсолутно совршена“, „Колку си згодна и убава“, ѝ коментирале следбениците на Инстаграм.
Во една прилика, на прашањето дали нејзините гради се „лажни“, Кристина одговорила, но истакнала и дека прашањето е крајно бизарно:
„Тие толку очигледно се вистински, што секој кој некогаш допрел женски гради мора тоа да го знае“.
Кристина Хендрикс била во брак со колегата Џефри Аред, a во 2019 година објавиле дека се разведуваат по 10 години брак.