Актерката позната по улогата во „Сулејман Величествениот“ била уапсена во акција против дрога и проституција

by Тони Зографски

Турција е потресена од невиден скандал, а турски актери, блогери и бројни други личности се на мета, сето тоа поради сомневањето дека дрогата и проституцијата доминираат на јавната сцена.

Во земјата се води обемна истрага, која веќе се споредува со вистинско „чистење“ на затворените боемски кругови. Популарни актери, блогери со милиони следбеници и членови на таканаречената елита, кои претходно беа недопирливи, сега се цел на полицијата.

Во последните неколку недели, рации, претреси и апсења беа спроведени во неколку региони на Турција. Сепак, епицентарот на операцијата беше Истанбул, центарот на културниот, уметничкиот и медиумскиот живот на земјата. Ѕвезди од ТВ серии, музичари, блогери живеат и работат таму.

Иницијативата за зголемување на притисокот врз таканаречените „привилегирани кругови“ дојде од највисоко ниво. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му наложи на Министерството за внатрешни работи да ја засили борбата против дрогата меѓу јавните личности. Властите отворено изјавуваат дека повеќе нема имунитет од инспекции – ниту статусот, ниту популарноста, ниту бројот на следбеници на социјалните мрежи не можат да послужат како оправдување.

Во рамките на истрагата, во Истанбул беа уапсени осум лица. Меѓу нив беше и актерката Езги Еџубоглу, добро позната на домашната публика од серијата „Сулејман Величествениот“, каде што ја играше ќерката на кримскиот хан Ајбига и најголемата љубов на Бали – Бег (Бурак Озџивит). Иако актерката подоцна беше ослободена без обвинение, самото нејзино апсење стана моќен симбол на истрагата и предизвика широка јавна реакција.

Езги Еџубоглу денес има 37 години и е очигледно дека имала голем број козметички корекции на лицето.

Истрагата се спроведе на неколку локации. За време на претресот, полицајците открија нерегистрирано огнено оружје, наркотици во различни форми – од апчиња до кристали – како и предмети што можеле да се користат за нивна потрошувачка и пакување. Запленети беа и лажни банкноти и пакувања што симулираа снопови пари, што дополнително ги разгоре сомнежите.

останати вести