Американската актерка Оливија Вајлд, чија улога на д-р Реми Хедли во ТВ серијата „Доктор Хаус“ ја искачи меѓу ѕвездите, во саботата на Academy Museum Gala во Лос Анџелес се појавила во фустан кој малку остави на фантазијата.
Долгата, проѕирна креација ја потпишува Alexandre Vauthier, а актерката самоуверено без градник ја носела на црвениот тепих и смело им позирала на репортерите.
Да потсетиме, Оливија е во среќна врска со пејачот Хари Стајлс, кој ја игра главната улога во нејзиното режисерско остварување, филмот „Не грижи се, драга“.