Оваа недела, во „Еден на Еден“ гостуваат четири актери од хит-филмот „Врба“ на Милчо Манчевски: Сара Климоска, Никола Ристески, Наталија Теодосиева и Благоја Чоревски- Чоре.
Сара и Никола, освен што се партнери во филмот во средновековната приказна се и приватно добри пријатели и колеги од факултет. Тоа најдобро се виде во специјалната рап точка која ја изведоа на крајот на емисијата. Во Freestyle рапот, Никола и Сара на оригинален начин раскажаа дел од приказната на „Врба“.
Наталија Теодосиева, откри дека е поранешна балерина и изведе интересна балетска точка. Таа истовремено покажа дека си ги скинала хулахопките кај Жаре.
Легендата Благоја Чоревски- Чоре раскажа многу анегдоти од богатата кариера.
Во недела, на Канал 5, од 18.30 ќе ги гледаме актерите од „Врба“ во едно сосема неочекувано издание.
https://www.instagram.com/p/B5H1X5RKyAE/?utm_source=ig_web_button_share_sheet