Мадалина Генеа, романска актерка и модел, која многумина ја сметаат за најубавата жена на светот и ја нарекуваат новата Софија Лорен, објави серија фотографии и видеа на кои позира во бикини.
Мадалина во сино-бел костим за капење ја истакнала својата совршена фигура и извајаните стомачни мускули.
Прекрасните фотографии се направени на островот Капри во Италија, а обожавателите ѝ упатиле бројни комплименти на актерката.
„Прекрасна“, „Апсолутно неверојатна“, „Национално богатство на Романија“, „Колку си убава“, „Како е можно да си толку убава и згодна?“, се дел од коментарите.
Инаку, 36-годишната Маделина ја оствари првата позначајна улога во филмот „House of Gucci“ каде ја отелотвори Софија Лорен, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат со познатата италијанска актерка. Неодамна на „Netflix“ излезе филмот „Deep Fear“ во кој главната улога ја има убавата Романка, но публиката не е претерано воодушевена од ова остварување.
Мадалина е позната и по љубовните романси со познати мажи како Леонардо ди Каприо, Мајкл Фасбендер и Џерард Батлер, а минатата година беше во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров.