Елизабет Харли се појавила на лондонската премиера на филмот „Strictly Confidential“, а станува збор за режисерското деби на нејзиниот син Демијан. Ова е мистериозна драма со неколку незгодни, секси сцени во кои се појавува ни помалку, ни повеќе – неговата мајка.
Познатата актерка не пропушта можност да ја изрази својата сексапилност на сите начини, а тоа го покажала и синоќа, појавувајќи се во многу смел. Интригантен аутфит.
Лиз Харли се одлучила за секси, впечатлив миди фустан со смарагдно зелени светки, а оваа креација се одликувала со длабок шлиц кој ја истакнал нејзината витка, заводлива фигура и затегнати нозе.
Овој фустан имал уште еден многу секси детаљ – асиметрично, необично деколте кое Разоткрило уште повеќе нејзините бујни гради. За оваа креација не е потребна само совршена фигура, туку и многу самодоверба, а легендарната Британка може да се пофали и со двете овие карактеристики.
Изгледот го заокружила со сребрени сандали со високи потпетици и сребрена клач чанта, висечки обетки, а косата ја носела во диви, богати локни, додека шминката била посилна и заводлива.
Лиз изгледа изразито „вамп“, иако е сè поблиску до седмата деценија – за еден месец ќе го прослави својот 59 роденден. Но, се чини дека го пронашла еликсирот на младоста, не се менува со години и му пркоси на стареењето.