Тери Хачер била исклучена од популарната апликација за запознавање „Hinge“, бидејќи мислеле дека нејзиниот профил е лажен. Актерката го откри ова за време на гостувањето во „Getting Grilled with Curtis Stone“.
Во емисијата, актерката била прашана и дали некогаш била во љубовен однос со некој колега.
За љубовниот живот и запознавањето актерката раскажала и за искуството со апликациите за запознавање. „Ги испробав сите апликации и ја пробав најновата. Ја пробав Hinge“, му рекла таа на водителот Кертис Стоун, откривајќи дека не се среќава многу често со луѓе.
„Не ми треба маж, имам мачка“
„Си помислив во себе: „Ќе му кажам на универзумот дека сум ранлива и дека сум отворена за нови можности“. Тоа е она што мислев дека ќе се случи откако се приклучив на апликацијата „Hinge“. А потоа, токму така, ме исклучија од апликацијата“, продолжи актерката. Водителот ја замоли да објасни зошто била исфрлена од апликацијата.
„Па, тие мислеа дека се преправам дека сум Тери Хачер. Ми се извинија, а потоа реков дека повеќе нема да се занимавам со тоа. Дефинитивно завршив со апликациите за запознавање и чувствувам дека средбата со некој треба да биде полесна. Но, искрено , среќна сум. Имам навистина исполнет, зафатен живот. Имам прекрасни пријатели. Добро е. Не ми треба маж. Имам мачка.